Граѓаните на Македонија сѐ уште имаат забрана за влез во 18 земји од Европската унија.
Најавите дека некои земји препознаваат некои вакцини, а некои не, создаваат само конфузија кај патниците, па поради тоа пред да се купи авионски билет или да се отпатува со возило, потребно е граѓаните да се информираат за условите за влез во таа земја пред да заминат на патувањето.
Според сегашните податоци на Министерството за надворешни работи, на македонските граѓани сè уште не им е дозволено да патуваат од туристички причини во 18 земји: Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Финска, Германија, Италија, Литванија, Луксембург, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Шведска и Малта.
– Во Австрија и натаму е на сила забраната за влез за несуштински и туристички патувања на македонски граѓани. Влез е дозволен само за одредени исклучоци (на пример, луѓе со дозвола за престој, пациент за болничко лекување, 1 лице за негова придружба, посета на брачен другар, семејно обединување, погреби, студии, учество на судски процеси, дипломати, хуманитарни сили, бизнис патувања итн.), но под строги под услови кои се детално наведени во формуларот за електронска регистрација – се вели на сајтот на Министерството за надворешни работи.
При презентирање на валидните докази за суштинско патување, белгиските амбасади и конзулати во странство (надвор од ЕУ+) можат да издадат потврда за суштинско патување на патници кои патуваат во Белгија.