(18+) ГОЛА СЕ КАЧИЛА НА ЏАМИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАГРЕБ: Хрватски уметник со голотo тело испратила порака (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Хрватскиот уметник Нина Камењарин целосно гола се качила на самиот врв на павилјонот на Мештровиќ – популарната Џамија во центарот на Загреб.

Таа извела омаж на Томислав Готовац, хрватски уметник, кој исто така стоел гол на истото место во 1996 година и својата работа ја нарекол „Стража на Рајна“.
– Омажот на Томислав Готовац е одраз на моите авторски и животни приоритети и ставови, а во исто време тоа е и голема чест за мене. Ми се чини дека отсекогаш сум знаела за него, а конкретниот перформанс на кој се повикувам го знам уште откако бев студентска. Физичкиот став на своето тело покажува отвореност наспроти затвореноста во денешниот момент, како што тогаш беше и тој на Томислав, изјави таа за Вечерњи.

Сепак, не беа воодушевени сите од овој настап на социјалните мрежи, а еден од коментарите бил: „Секој може денес да биде уметник“.

Инаку, перформансот на Нина Камењарин е дел од проектот „Иднина на политичката изведба“, со кој здружението Домино го означува хрватското претседателство со Советот на Европската унија.

Umjetnica Nina Kamenjarin stoji gola na vrhu "džamije" u sklopu svog performansa

Posted by Večernji list on Thursday, June 25, 2020

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com