Ѕвездата на „Only Fans“ го искрши својот „мерцедес“ вреден 50.000 долари, додека возела со четири пати повеќе од дозволеното ограничување на алкохол во крвта, изјави дека излегла да пие за да ја „задуши болката“ што ја почувствувала по раскинувањето.
Парис Оу Јанг (18) удрила со своето возило во друг „мерцедес“, вреден 150.000 долари, додека била на паркинг во Сиднеј на 18 октомври, пишува NY Post.
Судирот се случил откако младата дама со часови се „давела во алкохол“ по раскинувањето со сопственикот на ноќниот клуб Џулијан Тобајас (44), ја сослуша вчера судот.
Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, таа издувала 0,213 на алкотестот, додека законската граница во Нов Јужен Велс е 0,05.
Девојката дошла на суд во придружба на нејзиниот татко, неврохирургот Мајкл Оу Јанг и адвокат.
Адвокатот рекол дека несреќата била резултат на „совршена бура“ бидејќи Парис била надвор од контрола и не можела да се справи со раскинувањето. „Таа се удави во алкохол, сакаше да се закопа во депресија, надевајќи се дека алкохолот ќе ја прикрие болката од раскинувањето“.
Според полицијата, за време на апсењето и приведувањето, Оу Јанг рекла дека сака да умре и дека нема причина да живее.
Адвокатот пред судот изјавил дека неговата клиентка поминала низ програма за сообраќаен прекршител и била трезна најмалку три недели.
Таа се изјаснила за виновна. Старлетата е казнета со 1.000 долари и да отслужи две години општокорисна работа, а ќе треба да ја плати и штетата на двете возила. Возачката дозвола ѝ била суспендирана на девет месеци, а после тоа време ќе мора да користи уред „интерблок“ две години, што значи дека автомобилот нема да може да запали ако „надуе“ алкохол во крвта над законската граница.