18- годишната внука на Трамп почна свој бизнис- продава маици за 120 евра (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Каи Трамп, 18-годишната ќерка на Доналд Трамп помладиот, одлучи да ја подигне својата кариера како инфлуенсерка на ново ниво со лансирање на сопствена линија маички, пишува The Cut.

Дизајн и висока цена

Маиците се достапни во три бои, темно сина, бела и црна, а имаат големо лого KT на градите. На фотографиите на Каи како позира на тревникот на Белата куќа, исто така е видливо дека на задната страна од јаката е отпечатен зборот KAI, додека нејзиниот потпис е на манжетната.

Достапни се во два кроја: широк женски крој и потесен унисекс крој. Сепак, она што привлече најголемо внимание беше цената, една маица чини околу 120 евра, што веќе предизвика незадоволство кај коментаторите на TikTok.

Сон што стана реалност

Во објава на Инстаграм, Каи напиша дека оваа колекција е нешто за кое сонувала долго време. „Лансирањето на оваа линија беше толку возбудлив проект“, додаде таа. „Од квалитетот на ткаенината до деталите во дизајнот, сакав да создадам парче што не е само стока, туку основна облека што можете да ја носите насекаде.“ Таа тврди дека нејзините маички можат да се носат за време на вежбање, во училиште, па дури и надвор на вечера

Интересно е што ги нарекла „дуксери со качулка“, иако ниту една од нив нема качулка. Нејзиниот бренд моментално се состои само од овие маички, но се чини многу веројатно дека следниот чекор ќе биде лансирање опрема за голф, со оглед на нејзината страст за спортот.

https://www.instagram.com/kaitrumpgolfer/reel/DPCWmXniDNr

Популарност на социјалните мрежи

Каи доживеа огромен пораст на популарноста на социјалните медиуми откако нејзиниот дедо беше реизбран за претседател. Пред Доналд Трамп да ги освои претседателските избори во 2024 година, неговата најстара внука имаше само 63.000 претплатници на YouTube. Каи Трамп сега има речиси два милиони претплатници. Таа е популарна и на TikTok, каде што има повеќе од три милиони следбеници.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com