18-годишна девојка од Романија решила скапо да го плати својот прв чин на водење љубов и губење на невиноста.
Таа дала понуда, а заинтересираните мажи биле спремни да учествуваат на некаква „аукција“, па почетната цена била далеку над пристигнатите понуди.
Кој ќе понуди повеќе, ќе ја добие младата и невина Александра Кефрен од Романија за една вечер. 18-годишната девојка стигна до сите светски медиуми кога објави дека ја „продава својата невиност за милион долари“.
Не мораше долго да чека нејзината шокантна објава да стигне до ушите на заинтересираните „муштерии“, па набрзо ја контактирал анонимен бизнисмен од Хонг Конг и понудил дури два ипол милиони за вечерта.
Бидејќи Кефрен е клиент на „Cinderella Escorts“, најпопуларната агенција за ескорт во светот, таа ќе мора да им плати 500.000 долари за услуги, што значи дека ќе и останат два милиони.
Атрактивна 18-годишна девојка од соседна Романија вели дека била инспирирана од филмот „Непристоен предлог“ во кој девојката се продава за милион долари од ноќ.
Секако, нејзините родители не биле задоволни од нејзиниот избор да заработи, тие гласно протестирале, како што признава, но таа решила да истрае во својата намера и да си овозможи поудобен живот.
Таа вели дека многу девојки го прават тоа, дека најверојатно ќе изгубат контакт со мажот кој ќе и биде прв во иднина и дека на тој начин може да го наплати тој чин за својата „виша цел“.
Александра напоменала и дека парите што ќе ги добие за ноќта помината со бизнисменот сака да ги вложи во образование и студии на еден од најпрестижните светски универзитети – Оксфорд, а сака и нејзините родители да купат куќа.