Популарниот холивудски актер Џон Хам (51) и актерката Ана Оскеола (35), подготвени се заедно да го поминат целиот свој живот, пишуваат американските медиуми.
Шармантниот актер кој го обожувавме во многу од сериите ја запросил Ана, а таа кажала „да“, пренесува „People“.
Парот првпат се сретнал во 2015 година, уште на снимањето на култната серија во која тој ја толкувал улогата на Дон Дрејпер која Оскеола се појавила во последната епизода во улога на рецепционерката Клементин.
Меѓутоа, тогаш тие само се запознале, а актерот бил во врска со долгогодишната девојка и позната актерка Џенифер Вестфилд. Сепак, подоцна тие раскинале по 18 години љубов, а во 2020 година се шпекулираше дека Хам веќе е во врска со Оскеола затоа што на почетокот на коронавирусот повеќе пати биле видени заедно.
Тие јавно се појавиле како пар во март 2022 година на доделувањето на Оскарите, а од тогаш се неразделни во јавноста и очигледно се заљубени до уши.
Како што сега пишуваат медиумите, состојбата меѓу нив е токму сериозна што актерот долго размислувал за брак и да основа семејство иако со години инсистирал дека тоа не е за него.
„Ова е нова област во мојот живот во којшто се чувствувам многу удобно. Сега сум во врска и пријатно е“, изјавил Џон Хам минатата година во интервју кое го дал за популарниот радиски водител Хауард Штерн.
„Тоа е чувството кога се грижите за некого и некој се грижи за вас“.
Меѓутоа, во текот на 18-годишната врска со Џенифер, актерот повеќе пати зборувал за тоа како бракот и децата не го интересираат премногу. Тој своевремено истакнал дека претходно верувал дека ќе стане татко и дека не очекувал дека ќе дојде до педесеттите години без деца, но неговиот живот секогаш бил непредвидлив.
Како што раскажал извор близок до него и Џенифер пред крајот на нивната врска, тие никогаш немале јасен договор за тоа дали сакаат да имаат заедничко дете и секогаш велеле „можеби“, сè додека во 2014 година актерот не кажал: „Не, не сакам деца“.
„Не знам. Не мислам дека тоа е императив“, изјавил Хам во една прилика на прашањето дека размислува за татковство.
Тој истакнал дека и никогаш не го сметал нужен бракот во класична смисла затоа што во животот немал таков модел на кој би се угледал.
„Во животот немам некој особено дефиниран пример за брак. Моите родители се разведоа кога јас имав само две години, тоа не ми значи ништо. Не велам дека тоа не треба да им значи на другите, не го осудувам тој начин. Тоа е само мое искуство. Немам друг пример од брачен живот кој би го гледал и би рекол: О, да… Тоа е тоа! Тоа е тоа што и јас го сакам“, изјавил актерот своевремено.