Околу 64 илјади државјани на Македонија живеат во Италија, од кои околу 12 илјади во Венето и околу четири илјади во Ломбардија, двата северни региона во јужната европска земја, во кои има изолација на 11 населени места поради епидемија на коронавирусот.
Според податоците на сајтот https://www.tuttitalia.it/во Венето има 11.736 македонски државјани, а во Венеција, која се наоѓа во овој регион 2.820 државјани на С. Македонија. Во Ломбардија, пак, според истите податоци лани живееле 3.648 македонски државјани, а во модниот центар Милано 335.
Единаесет населени места, од кои повеќето во северниот регион Ломбардија се изолирани согласно мерките што ги презеде италијанската Влада, по вонредната средба поради епидемијата на коронавирусот. Ниту влегување, ниту излегување од области за кои се смета дека се места од каде се шири заразата не се дозволени без посебна дозвола. Сите јавни собири, спортски настани и други настани се забпанети за една недела.
Влацтите во Венеција одлучија да го откажат познатиот карневал и сите случувања во градот поради ширење на коронавирусот. Иста мерка е преземена и во Милано, каде во рамки на модната недела е откажана ревијата на Армани.
Училиштата и градинките, спортските објекти и продавниците се затворени. Јавниот превоз е запрен. Тие мерки влијаат врз повеќе од 50.000 жители.