Директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ за Сител телевизија посочи дека на Клиниката има хоспитализирано 16-годишна пациентка од тетовскиот регион.
Директорката вели дека девојката е со развиено тешка клиничка слика, и со компликации од коронавирус.
– Имаме 16 годишна девојка која покажува сериозна клиничка слика на вирусот. Засега немаме податоци за други болести согласно анамнестичките податоци, вели Стевановиќ.
Завчера на Клиниката почина 17 годишна пациентка а од демирхисарско. Таа е третата малолетна жртва на Ковид-19 во земјата. Претходно од вирусот починаа и 15 годишна девојка од тетовско и двегодишно дете на Детска хирургија кое имало сериозни вродени болести но и позитивен тест на вирусот.
Трите починати малолетни лица не биле вакцинирани против Ковид-19.