15-ТИ НА РАКОМЕТНИОТ МУНДИЈАЛ: И Чиле не измачи

by Тони Зографски

Македонската ракометна репрезентација успеа да го совлада Чиле со 32-30 и така  како и пред две години, го освои 15. место на Светското првенство (СП) во Германија и Данска.

Чиле пружи голем отпор во текот на целиот натпревар, па на полувремето двете екипи заминаа со нерешен резултат (16-16). Македонија блескаше во некои моменти во вторите 30 минути, па имаше и по три гола предност, а на крајот триумфиравме со 32-30.

Кире Лазаров беше прв стрелец со девет погодоци, Манасков постигна осум, а Стоилов пет гола при денешната победа, за триумфален крај на овој светски шампионат на кој Македонија го освои 15. место.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com