Михаил Литвак е еден од најпознатите руски психолози на денешницата. Светска слава стекнал со книгата „Психолошко аикидо“. Лесно е да се разбере и следи неговата мудрост, а резултатите се неизбежни.
Собравме 15 правила на овој мудар човек, што ќе ви помогнат да си го подобрите животот.
1. Задолжително испланирајте ги вашите дејства и добро организирајте си го животот. Резултатот ќе биде поголема среќа.
2. Ако нешто силно посакувате, не колебајте се и не барајте нечија дозвола да го направите тоа. Во оваа ситуација само вие сте важни.
3. Не чувствувајте се лошо ако некој се наоѓа на местото каде што вие би сакале да бидете. Сè се случува токму тогаш кога треба.
4. Споделувајте радост и со пријателите и со непријателите. Оние што ве сакаат, ќе бидат среќни, а оние другите ќе бидат вознемирени.
5. Убаво е да се разговара со пријателот, а со непријателот е корисно.
6. Кога човекот нема цел, ништо не гледа јасно. Целта го изострува погледот кон светот.
7. Депресијата му е подарена на човекот за да може да размислува за себе.
8. Не потценувајте ги луѓето.
9. Научете да живеете за себе. Откажете се од потребата постојано да му се докажувате некому. Во спротивно, ќе си го потрошите животот живеејќи за другите.
10. Одберете по правилниот пат, а не по полесниот.
11. Не плашете се да разговарате со луѓето, особено со оние кои само што сте ги запознале. Тие, всушност, можат позитивно да ви влијаат. Никогаш не знаете што можете да научите.
12. Сакате да знаете кој е вашиот најголем непријател? Погледнете во огледало. Победете го него и другите ќе се покорат.
13. Среќата е производ на убаво организираниот живот.
14. Ако сакате да му докажете нешто некому, тоа значи дека постоите само за таа личност. Ако постоите за себе, не треба ништо никому да му докажувате.
15. Не знам точно кој е патот кон успехот, но знам дека патот до неуспехот е желбата да им се угоди на сите.