Поранешната зависничка која се предозирала 15 пати и започнала да користи хероин на своја 15 годишна возраст откри како успеала да ја победи зависноста, а фотографиите од нејзината трансформација воодушевија многумина.
Американката Медисон Мек Манус нејзиното тогашно момче уште како тинејџерка ја вовело во светот на дрогата, а некое време таа живеела на улица пред да успее да се оттргне од лошиот порок. Сега се бори за добивање на старателството над својата деветгодишна ќерка откако со неа забременила на 18 години, пренесува Дејли Мејл.
Таа била принудена да се откаже од ќеркичката поради зависноста која ја довела до проблеми со законот. Нејзиното семејство сега се вратило во нејзиниот живот, откако таа била бездомничка од својата 20-та година. Неодамна таа откри дека ја победила зависноста со помош на групата составена од анонимни алохоличари.
Таа сакала со сите да ја сподели својата приказна, да им објасни на луѓето дека има решение за сè во животот.
„Кога ми беше доста од сè, најдов нов начин на живот. Можно е, има помош. Фатете ја и не ја пуштајте“, рекла Медисон, која открила дека започнала да се одвикнува од 15 години, откривајќи дека во сето тоа најмногу се повредила себе, а потоа и семејството.
„Досега, тоа беше најдолгиот период во кој не користев дрога“, признала Медисон и додала дека шест години живеела на улица и дека почнала да се одвикнува само кога била уапсена.
„Го напуштив училиштето, ја дадов ќерка ми на згрижувачко семејство, едноставно не можев да престанам да земам дрога. Во тој момент немав семејство, пријатели, никој друг. Јас бев сама. Бев болна шест години, болеста ме држеше во заробеништво. Многу се срамав и жалев што ја изгубив ќерка ми, семејството и себе“, објаснила таа.
Сега на сите им го порачува истото
„Само продолжете да се борите и секогаш сетете се дека еден ден ќе бидете благодарни, поскромни и поотворени“, раскажа Медисон отворено за „The Addict’s Diary“ на Фејсбук каде ги сподели и своите фотографии од трансформацијата.