Вдовицата на олимпиецот Алекс Пулин, Елиди Пулин родила девојче и и’ го дала името Мини Алекс, во чест на нејзиниот татко.
„Нашето девојче, родено на 25. октомври 2021. година. Мини Алекс Пулин“, напишала таа на Инстаграм покрај фотографиите на кои позира со новороденчето.
Алекс Пулин, австралиски сноубордер, трагично се удави за време на подводен риболов во јули минатата година, а Елиди започна медицинска потпомогната процедура за оплодување со сперма земена од Пулин постхумно.
„Морав да поминам низ советувања и разговори кои ми отворија болни емоции. Ме прашаа дали ќе му кажам на детето кој е неговиот татко, што ќе правам кога ќе праша кој е неговиот татко, како ќе поминам низ бременоста и мајчинството“, речкла Елиди. во подкастот Darling, Shine!
И биле имплантирани два ембриони. Првата процедура не била успешна и таа ја изгубила бременоста во јануари. Потоа се одлучила за уште еден обид, кој и успеал.
„Решив да ја искористам неговата сперма за процесот на IVF за да се осигурам дека тој е татко. Кога гледам други млади татковци, постојано размислувам за тоа што пропушта Алекс. Тој беше прекрасен со децата и ќе беше прекрасен татко”, заклучила таа.