Изабела Барет (15) е млада девојка која основала сопствен моден бренд, вреден 1,7 милиони долари, која станала милионерка на шест години и која работела како манекенка на модната недела во Њујорк.
На шестгодишна возраст, таа креираше сопствена линија на облека и накит, а пред тоа се појави во американскиот хит шоу TLC, „Toddlers and Tiaras“. Таа во текот на нејзината натпреварувачка кариера освои 55 круни и 85 титули и е многу богата, па не е ни чудо што да ѝ се купи подарок за неа е проблем.
– Многу е тешко да ми купиш подарок затоа што обично го купувам она што го сакам кога сакам. Без разлика дали станува збор за скапи чевли или облека, едноставно го купувам она што ми се допаѓа кога ќе го видам – изјавила таа.
И покрај тоа што Изабела нема да може да научи да вози додека не наполни 16 години, таа решила да си купи прилично скап божиќен подарок.
– Овој месец ќе го купам мојот прв автомобил – вели таа и додава дека идеално би било „Ламборџини Урус“ или „Хуракан“.
Манекенката открива и дека Божиќ е многу важен за нејзиното семејство.
– За моето големо италијанско семејство Божиќ е голема работа. Правиме сѐ…декорираме, организираме семејни собири цел месец и јадеме многу. Тоа е многу забавно време од годината. На Божиќ, ќе имаме голема италијанска вечера со риби во Род Ајленд, а потоа одиме на миса. На Божиќ, по отворањето на подароците, ги посетуваме сите домови на моето пошироко семејство – изјавила таа за британски The Sun.
Изабела, која својот живот го споредува со Хана Монтана, веќе по првиот натпревар станала ѕвезда на детските избори во САД. Таа откри дека тогаш имала скромни амбиции и сонувала да стане учителка, иако првиот милион го заработила пред да започне да оди во основно училиште.
Сега таа стана успешен претприемач, со низа производи за нега на кожа, козметика и модни линии, како и манекенска работа за различни брендови. Таа ја лансираше својата прва независна модна линија во 2021 година, а дебитираше на модната недела во Њујорк во септември. Денес нејзината вредност се проценува на речиси 2 милиони долари. Таа има повеќе од 1,6 милиони следбеници на социјалните мрежи и се појави во документарецот на Амазон „The Next Big Thing“.
– Се чувствувам одлично. Свесна сум дека многумина ме гледаат како пример, што е голема одговорност. Моите обожаватели ме сакаат, ми велат дека сум кул и многу убава. Убаво е да се биде познат – објаснила таа.
Мајката на Изабел, Сузана, истакна:
– Таа дефинитивно има скап вкус, но тоа е затоа што нашето семејство го цени квалитетот – не затоа што е позната.
Сузана, исто така, се соочила со критики што дозволила нејзината ќерка да се шминка на толку млада возраст.
– Луѓето прашуваат како можев да ја облечам во свечена облека и да ја оставам да се шминка и да носи штикли, но мислам дека направив многу добра работа – нејзините манири се беспрекорни. Ја сака својата работа. Сакам да биде каква што сака. Како мајка, тоа е сѐ што сакате за вашите деца, тие да бидат среќни – објаснила тогаш нејзината мајка.