15 години со Фејсбук

by Тони Зографски

Студентскиот проект Фејсбук денеска слави 15 -ти роденден. Оваа социјална мрежа е основана на 4 февруари 2004 година од Марк Закерберг.  Од тогаш оствари огромен успех привлекувајќи 2,3 милијарди корисници кои платформата ја користат за размена на информации и поврзување.

Фејсбук минатата година беше вмешан во повеќе скандали во врска со заштита на податоците и нарушување на приватноста на корисниците што предизвика стравови дека со водечката светска социјална мрежа манипулираат странски интереси за сопствена политичка корист. Затоа компанијата вложи милијарди долари во безбедност и има 30 илјади луѓе кои работат само на тоа.

И покрај скандалите Фејсбук минатата година имаше рекорден профит од 22 милијарди долари.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com