Дејвид Бекам е уште една славна личност која не ја крие својата вистинска тага поради загубата на кралицата Елизабета, па им се придружи на илјадниците ожалостени во оддавањето почит на кралицата.
Бекам, облечен во црна вратоврска и костум, застана со наведната глава по 13-часовно чекање. Иако е една од најголемите ѕвезди во светот, тој застана воа ред со илјадниците обични луѓе, носејќи темна капа. Бекам се приклучи на редот во раните утрински часови, подоцна велејќи:
– Мислев дека пристигнувањето во 2 часот наутро ќе биде малку потивко – згрешив.
Тој и се обрати на јавноста од редот, нарекувајќи се себеси „голем ројалист и обожавател на кралското семејство“.
– Нејзиното височество значеше толку многу на толку многу различни начини. Можам да зборувам за себе затоа што сум ја сретнал многу пати во кариерата. Секој пат кога стоевме таму облечени во оние маици Три лава, а јас ја носев мојата лента и ја пеев „God Save Our Queen“ – тоа беше нешто што ни значеше толку многу. Секој пат кога го правевме тоа беше нешто посебно.
Тој им рече на новинарите:
– Овој ден секогаш ќе биде тежок ден. Нашите мисли се со семејството, многу е посебно да се слушнат сите приказни од луѓето овде. Најпосебен момент за мене беше добивањето на мојот Орден на Британската империја. Со мене ги зедов моите баба и дедо кои беа големи ројалисти. Имав толку среќа што имав неколку такви моменти во мојот живот за да бидам покрај нејзиното височество. Тоа е тажен ден, но ден за паметење.