Тринаесетгодишниот М.М., кој вчера во Нишка Бања го закла својот најдобар другар Андреја, е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци во Белград, пренесува „Новости“ повикувајќи се на извор близок до истрагата. Тоа е истата клиника каде што е сместен и Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.
Во текот на вчерашниот ден 13-годишникот од Ниш бил пренесен во Белград.
Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Ниш.
М.М. вчера по расправија го заклал својот пријател со нож на поткровјето од куќата во импровизирана теретана.
По злосторството истрчал на улица.