12 полицајци кои беа дел од европскиот контингент за чување на македонско грчката граница од мигранти се позитивни на коронавирус.
Тие деновиве требало да ја напуштат Македонија и на нивни места да допатуваат други полицајци.
Но, на скринингот од Центарот за Јавно здравје од Гевгелија со кој бил опфатен контигнетот од 40 полицајци, 12 се со ковид 19, соопшти д-р Страшо Олумчев раководител на гевгелискиот центар. Сите полицајци се ставени во карантин а во карантин одат и нивни колеги кои имале контакти кажа Олумчев
Од стартото на пандемијата во Гевгелија се регистрирани 73 а во моментов со граничните полицајци има 46 активни случаи на ковид 19. Олумчев смета дека тоа е одраз пред се на недисициплината заради што очекува овид денови да има нови случаи
Ова не е прв случај да се појават позитивни на ковид 19 гранични полицајци од европски држави кои секојдневно патролираат долж македонско грчката граница за да ги спречат илегалните преминувања