Животот во пензија може да биде возбудлив и неверојатен! Така барем ни порачува Вечестер Ли, жена која пред 12 години го продаде целиот свој имот, а на 76-годишна возраст изнајми кабина во најлуксузниот крузер и оттогаш патува по светот…
Таа дури објави и автобиографска книга за нејзиното неверојатно искуство во текот на овие години.
Вечестер Ли, или како што светските медиуми ја нарекоа „Мама Ли“, го загуби сопругот во 1997-ма година од рак, а кога остана сама реши да го исполни ветувањето што му го дала на својот сопруг на смртната постела: „Ништо нема да ја спречи да крстари по светот!”
Ли го направи токму тоа. Таа го продаде целиот свој имот и реши да се пресели во луксузен крузер, патувајќи без престан, посетувајќи сто различни земји низ светот.
Сепак, мама Ли не е сама на ова патување. Придружувана е од голем број вработени на овој брод за крстарење кои се грижат за неа дење и ноќе. Цената на овој неверојатен пакет (патување + кабина + грижа на персоналот) е неверојатни 160.000 долари годишно!
И покрај тоа, Ли вели дека муабетот за пари не е важен, со оглед на квалитетот на животот што го има. Сега мама Ли стана маскота на ова место. Таа го пречекува секој нов патник на луксузниот крузер, танцува со нив секоја вечер, сето тоа во спомен на нејзиниот починат сопруг, со кој крстарела 89 пати, пред смртта да ги раздели.
Трошоците за живот се скапи, но вреди секој денар потрошен за чувството на живеење на животот во потполност. А токму тоа го напиша Ли во нејзината бестселер книга:
„Можеби сум бездомник, но треба да ја видите мојата јахта!“
Во моментот на пишувањето, познато е дека на истиот брод за крстарење живеат уште три пензионери, кои деновите ги поминуваат на ист начин како и Ли.
Мама Ли одржува контакт со семејството преку „Фејсбук“, а досега 50 пати го поминала Панамскиот канал, била на преку 200 крстарења и видела места за кои повеќето луѓе никогаш не ни слушнале.