Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков доби казна затвор од 12 години за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од (УБК).
Мијалков е обвинет дека сторил кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.
Поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски доби казна затвор од 15 години. На вработениот во УБК Никола Бошкоски е осудени исто така на затвор од 15 години. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби казна затвор 4 години. Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски доби 6 години затвор. додека Владимир Варелов од УБК доби условна казна затвор 2 години.
Претседател на судечкиот совет е судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.
Судењето за „Таргет – Тврдина ” започна на 22 декември 2017 година. Застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.