Авионот на „Туркиш ерлајнс“ кој летал на релација Истанбул–Њујорк морал итно да слета на аеродромот во Будимпешта бидејќи 11-годишното дете се онесвестило, по што починало. Медицинските служби се обидувале да го вратат во живот детето откако авионот слетал, но обидите биле залудни.
Новинската агенција МТИ соопшти дека медицинскиот тим на унгарскиот аеродром реагирал веднаш по слетувањето на авионот ТК003, но и покрај сите напори, животот на детето не можел да се спаси. Засега нема официјални информации која била причината за смртта на младото дете, а авионот се очекува уште денеска да продолжи на оргиналната рута кон Њујорк.