11- годишното девојче од Кочани, кое за три месеци ќе стане мајка е згрижена од страна на институциите – објави Телма.
Оваа шокантна вест силно одекна, а први кои алармираа за нејзината состојба беа наставниците, од страна на Центарот за социјални работи е соодветно постапено и згрижено во мал групен дом. Девојчето, кое останало бремено од 19 -годишно момче е досега најмалото дете кое е регистрирано како бремено во источниот дел на земјава.
Најмалата пациентка која досега се породила на акушерското одделение во Штип имала само 13 години. Универзитетскиот професор Дејан Мицковиќ смета дека овој случај, но и појавата на булингот, односно меѓуврсничкото насилство се доволно силен аларм за институциите да почнат со реформи во семејното право.
Инаку, девојчето живеело со мајка си, која не забележала дека ќерка ѝ е бремена. Тоа го забележале вработени во училиштето што го посетувала малолетничката, по што таа била однесена на гинеколошки преглед.