11-годишната Лара ја победи леукемијата, па си отвори изложба

by Тони Зографски

Лара Брчиќ, ученичка од петто одделение во Основното училиште „Антун Густав Матос“ во Винковци, девојче за кое цела Хрватска знаеше дека страдаше од леукемија во 2012 година, денес е здрава, весела девојка, полна со оптимизам. На денот на својот 11-ти роденден Лара ја отвори својата прва самостојна изложба, „Шарен свет“,

Во новоотворениот ресторан „Walkow-Center for Culture“ во Винковци, Лара ја постави својата прва самостојна изложба со 40 дела.

– Цртам претежно животни, сличен стил како Дубравко Матаковиќ и претежно стрип цртежи. Мојот најголем пример е Дубавко Матаковиќ. Идејата за делата ја црпам од мојата фантазија, а оваа прва изложба ме мотивира да направам уште повеќе цртежи. Почнав да цртам на две години, многу сакав да имам боици и молив во раката. Многу деца воопшто не знаат како да држат пенкало, а јас веќе го цртав „чичко Глиша“, а на три и пол години се разболев од леукемија и потоа ги кратев деновите со цртање. Така, на пример, цртав доктори како кучиња и мачки. Ова е моја прва изложба и се чувствувам возбудена и среќна – вели Лара Брчиќ.

Инаку, откако и била дијагностицирана лимфобластична леукемија и почнал третманот со хемотерапија, лекарите веднаш предвидоа дека на Лара ќе и треба долгорочен третман. Но таа не ја изгуби надежта. Почна да црта и така да ги скрати болничките денови.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com