Вчера се навршија 11 години од смртта на кралот на фанкот Дино Дворник. Легендарниот музичар, познат по хитовите: Јаче манијаче, Зашто правиш слона од мене, Ти си ми у мислима, Љубав се зове именом твојим… почина во 45-та година од животот во својот стан во Загреб, како последица на предозираност од апчиња за смирување и антидепресиви. Неговата сопруга Данијела на 7 септември, 2008 годиниа го пронајде мртов во нивниот брачен кревет и веднаш почнале приказните дека се предозирал. Но Данијела негираше дека нејзиниот маж починал од дрога што покажала и обдукцијата.
-Тој измешал таблети за смирување, за спиење и за болка што било кобно. Дино почина во сон – објаснила неговата сопруга.
Неговата мајка на медиумите им објасни дека Дино умрел тажен, несреќен и депресивен. Особено му било тешко што неговите хрватски колеги го избегнувале и никои од нив не сакал да му гостува во тогашното негово реалите шоу “Дворникови“.
Во времето кога го подготвувал својот последен албум “Пандорина кутија“ Дино бил несигурено во својот успех.
-Дино беше многу нервозен поради албумот. Ми рече дека најдобро е да умра, така албумот најдобро ќе се продава – откри Даниела.
Кралот на фанкот не ја дочека неговата промоција која се случи два месеца по неговата смрт. Неговите недовршени песни ги завршиле неговите соработници.
Дино Дворник често правел разни глупости, како што било во 1997 година кога на доделувањето на музичката награда “Порин“ во Опатија, од балконот на хотелот се измочал врз гостите кои седеле на терасата на кафулето.
Дино Дворник особено го сакале негови сплиќани со кои често седнувал да испие кафе.
Тој е погребан во Загреб на 10 септември, 2008 година.
.