Кристина Грир (38) е осудена на 64 до 102 години затвор за сексуално злоставување на две момчиња, другари на нејзината ќерка, за време на забавата со преспивање кај нејзе, пишува New York Times.
Во текот на 2017 и 2018 година, мајката на девојчето сексуално злоставувала две момчиња на возраст од 12 и 13 години.
Им давала алкохол и слатки од марихуана, избришала докази од нивните мобилни телефони и им забранила да кажуваат некому што се случило.
Истражителите откриле експлицитни фотографии на обвинетата во телефонот на едно од момчињата, покажале судските документи.