Сведок на судењето на Жоакин Ел Чапо Гузман во САД изјавил дека на американските власти претходно им кажал дека обвинетиот нарко барон му платил 100 милиони долари мито на поренешниот мексикански претседател Енрике Пена Нието. Алекс Куфиентес, долгогодишен близок соработник на Гузман, го изјавил ова во текот на вкрстеното испрашување од еден од адвокатите на мексиканкиот нарко-бос пред сојузниот суд во Бруклин.
Запрашан дали на американските власти уште во 2016 година има рекол дека Гузман го подмитил поранешниот претседател на Мексико, одговорил „Тоа е точно“, пренесува Ројтерс.
Енрика Пена Нието беше мексикански претседател од декември 2012 до ноември 2018 година. Претходно беше гувернер на мексиканската сојузна држава којашто ја опфаќа областа на главниот град Сиудад де Мехико.
Инаку, мексиканскиот наркобарон Жоакин Гузман Лоер, познат и како „Ел Чапо“ (Кусиот) поради неговата височина од само 152 сантиметри, со статусот на легендарен и недофатлив мексикански крал на дрогата, се проценува во моментов на една милијарда американски долари.