Фудбалерот на Гана, Асамоа Гијан еден дел од својата кариера беше меѓу најплатените фудбалери на планетава. Пред неколку дена се пожали на јавноста дека доживеал финансиски колапс и дека на сметката има нешто повеќе од 500 евра.
Според неговите зборови веќе со години ја финансира фамилијата и неговите пријатели, па поради тоа го доживеал ова финансиско фијаско. Според неофицијалните информации, станува збор за 100 луѓе кои живеат на негова сметка.
Гијан, кој оваа сезона одигра само 92 минути за турскиот Кајзериспорт, со месеци не ги видел сопругата и трите деца. Имено, овој фудбалер не сака да ги признае своите деца пред да ги види ДНК резултатите.