Некогашната детска ѕвезда Мекензи Филипс (59) пред неколку години ја шокираше јавноста кога при посетата на Опра Винфри откри дека била во врска со нејзиниот татко, починатиот пејач на групата ‘Mamas & Papas’, Џон Филипс. Таа, исто така, признала дека нејзиното семејство и се замерило што ги објавила деталите за нивната инцестоидна врска.
Актерката во својата нова книга напишала за лекување на зависности и открила дека нејзиното семејство верува дека таа е виновна за се што и се случило.
– Не ме канат на родендени, ми се лутат и ми велат дека не се подготвени да ми простат. Не сакаат да ми простат што бев малтретирана како дете, но и тоа што зборував за се во јавноста – изјави таа.
– Моето семејство се уште не ја простува болката и гневот што им ги предизвикав кога ја открив вистината за татко ми. Ја обвинуваат жртвата и го бранат криминалецот. Знаев дека ќе бидам мета на такви реакции бидејќи ја кажав вистината која никој не сакаше да ја слушне – додала таа.
Мекензи страшната тајна ја открила во 2009. година во книгата „High on Arrival“, во која напишала дека нејзиниот татко ја силувал кога имала 19. години, додека двајцата биле под дејство на дрога и алкохол. Таа во книгата напишала и дека татко и ја силувал ноќта пред нејзината венчавка и дека подоцна доброволно влегле во врска која траела десет години, до 1989. година кога забременила и не била сигурна дали очекува дете со татко и или сопругот. Филипс платил за абортусот, а Мекензи открила дека после тоа не сакала никој да ја допира.
Џон Филипс беше текстописец и фронтмен на групата „Mamas & Papas“, која беше популарна во 1960-тите. Тој почина во 2001. година, откако се борел со зависност од дрога и алкохол. Неговата ќерка долго време се борела со зависноста, но на педесет години решила да го промени животот и сега е ангажирана како советник во центар за рехабилитација.
Мекензи спиела со Мик Џегер кога имала 20 години. Тогаш бил во брак со најбараниот модел Џери Хол. За време на сексот им пречел нејзиниот татко, кој, како што вели, бил љубоморен.