“10 ГОДИНИ ЛАЖАТ“: Време е семејството на Шумахер да ја каже вистината

by Тони Зографски

Вили Вебер, човекот кој се грижеше за кариерата на Михаел Шумахер, тврди дека е отфрлен од семејството на легендарниот возач по несреќата и обвини дека семејството лаже за здравствената состојба на Шумахер.

Во 2013 година Шумахер доживеа несреќа при скијање на француските Алпи при што падна и со главата удри во камен. Веднаш по несреќата беше одведен во болница, во критична состојба. Двапати беше опериран, а потоа ставен во индуцирана кома за да се сочуваат мозочните функции. Во 2014 година излезе од индуцирана кома, а неговата портпаролка потврди дека Шумахер слуша и реагира на допир.

Откриено беше дека ќе ја напушти болницата и со закрепнување ќе продолжи во домашни услови, во семејниот дом. Неговата сопруга Корина и останатите членови од семејството не сакаат јавно да коментираат за здравствената состојба на Шумахер па токму затоа се создадоа и многу шпекулации.

Вебер смета дека минаа 9 години и време е да се открие вистината за Шумахер.

„Тогаш повеќе пати се обидов да контактирам со Корина, но не ми одговори, никој не ми се јави да ми каже како е Шумахер. Не очекував такво однесување и поради тоа сè уште сум лут. Ме тргнаа на страна велејќи ми дека е прерано, а сега е предоцна. Минаа 9 години, време е да ја кажат вистината“, вели Вебер.

„Можев да разберам каква е ситуацијата кога се случи тоа, јас и така отсекогаш правев сè за да заштитам приватниот живот на Шумахер. Но, оттогаш од семејството не добиваме нешто друго освен лаги“, смета тој.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com