„1ТВ“ има нов сопственик?

by Тони Зографски

Според пишувањата на порталот „Фактор“, пред Управата за јавни приходи (УЈП) се појавил физичко лице кој се претставил како нов сопственик на 1ТВ. Ова го потврди УЈП, а истото се случило кога се чешлала документацијата на телевизијата во сметководственото биро. Од таму не сакаат да го откријат идентитетот, освен дека се работи за физичко лице, а не за правен сублект.

Новиот сопственик потврдил дека му се отстапени уделите од телевизијата без надомест, а единствен услов било тој да ги плати долговите во сметководството.

Сопственик на 1 ТВ, според податоците од Централниот регистар, беше фирмата БМЈ Медиа груп, а директор е Јасна Мандиќ.

Инаку, од Управата за јавни приходи денеска соопштија дека ќе бидат поднесени кривични пријави против Меѓународниот сојуз, Томато продукција и БМЈ Груп.

 

останати вести