9-годишниот Квејден Бејлс, момче со џуџест раст, кое се соочувало со булинг и злобни коментари на училиште поради што сакаше да се убие, доби поддршка од славните, собра 300.000 долари, но потоа беше обвинето дека е измамник.
Имено, откако цела оваа приказна го крена светот на нозе, некои луѓе решиле дека треба малку повеќе да истражат, па на социјалните мрежи се проширија теории на заговор, кои го прикажуваат момчето како измамник. Всушност, некои твитерџии се посомневаа во вистинската возраст на момчето и тврдеа дека тој е постар, судејќи по неговите Инстаграм фотографии кои не укажуваат на 9-годишник.
Сепак, иако многумина на момент се посомневаа во вистината на оваа приказна, станува збор само за теории на заговор, бидејќи Инстаграм фотките не се доволен доказ.
Но, очигледно мајката на момчето се појавувала на телевизии и во претходните години, но и објавувала фотки од детето и пред неколку години, каде може јасно да се забележи дека тој е дете.
На фотографии од 2016 година на кои Квејден се шета со кучето, може да се забележи дека му недостасуваат неколку предни заби, а во статијата се вели дека има околу 5 години, што одговара на сегашната возраст од 9 години.
Во 2015-та, направена е и репортажа за семејството, а на снимката може да се забележи малечкиот Квејден.