Риона Кели била принудена да се соочи со најтешката животна ситуација, доживеала мозочен удар, а истовремено сопругот ја напуштил.
Риона Кели навидум имала живот од соништата. Била во брак со прекрасен човек со кого има четири деца. А потоа, доживеала мозочен удар кој ја врзал за инвалидска количка, лекарите ѝ рекле дека никогаш повеќе нема да оди.
Риона Кели во 2015 година доживеала мозочен удар, поради што останала парализирана од половината надолу. Само пет дена по нејзиниот престој во болница и исцрпувачките третмани, нејзиниот сопруг решил да ја остави неа и четирите деца. Тој веднаш поднел барање за развод.
– Откако мојот сопруг ме остави, мојата пријателка Сара ми стана најблиската роднина. Децата и таа ме поддржуваа за време на моето закрепнување. Гледајќи наназад, бев несреќна во бракот, но изградивме заеднички живот и имавме обврски. Во тој момент сопругот најмногу ми требаше – вели таа во својата исповед.
По шест недели, Кели сè уште не можела да ги мрдне нозете, а медицинските експерти ја предупредиле дека можеби никогаш нема да закрепне.
– Во тој момент лекарите ми рекоа дека никогаш повеќе нема да одам. 18 месеци претходно имав сообраќајна несреќа и ми рекоа дека може да имам проблеми со ‘рбетот. Првиот пат кога излегов со инвалидска количка, мислев дека сите ме гледаат, го мразев тоа и се мразев себеси. Ако некој ми дадеше избор, ќе ставев крај на мојот живот… Не сакав повеќе да живеам – рекла таа.
Сепак, по повеќечасовната физиотерапија, Кели конечно успеала да ги направи првите чекори меѓу двете шипки.
– Го влечев телото и не ги чувствував нозете, но не ми беше грижа, одев и тоа ми беше најважно. Мојот консултант беше многу емотивен, не можеше да верува дека го направив тоа. Секој ден станував сè посилна и по четири месеци во болница конечно ми дозволија да си одам дома. Ми требаа 25 минути да ги качам 16-те скали и исто толку време да се симнам долу, но бев одлучна да го сторам тоа за моите деца“, се присетува таа, а пишува Њујорк пост.
И токму кога мислела дека нема среќа, работите се промениле. Додека закрепнувала, Кели го запознала личниот тренер Кит Мејсон (35). Се вљубиле, буквално, на прв поглед.
– Откако доживеав мозочен удар, не само што морав да се справувам со парализата, туку морав да се справувам и со загубата на мојот партнер по 14 години заеднички живот. По нашата сесија, Кит и јас останавме во контакт, тој ме прашуваше како напредувам и нашиот однос почна да цвета. Заедно сме 11 месеци, децата навистина го сакаат и конечно се чувствувам како да го живеам животот што го заслужувам – изјавила таа.
Таа денес користи инвалидска количка кога треба да пешачи, а дома се труди сама да оди.