Холивудската ѕвезда Џулија Робертс (56), чија препознатлива насмевка, харизма, убавина и природност со децении се рангирани меѓу најубавите жени во светот, пред своите обожаватели го претстави своето „второ лице“.
Таа објави фотографија без шминка и предизвика апсолутна мешаница. Позитивните коментари само продолжија да доаѓаат.
Фотографијата покажа дека Џулија природно старее и изгледа убаво и без шминка, со едвај забележливи брчки и едноставна фризура.
Покрај објавата, Џилија додаде и најава за својот нов филм. Имено, таа игра во психолошкиот трилер „Остави го светот зад себе“ со познатите колеги Итан Хоук и Кевин Бејкон. Премиерата е закажана за 22 ноември.
На својот Инстаграм профил Џулија објави и симпатична фотографија направена во автомобил. На неа е и во природно издание и со препознатлива широка насмевка.