Холивудската глумица Џулија Робертс (54) ужива на одмор со семејството во Австралија, каде на плажа го покажа своето прекрасно тело во костим за капење.
Џулија го прославила Божиќ со семејството во Австралија, а убавото време го искористила за сурфање и релаксација на плажа. Актерката најпрво се појави во широки шорцеви и кошула, а на главата носеше капа, но тоа не ги „измами“ папараците.
Откако се смести, актерката се ослободила од гардеробата и покажала дека се уште е „Убава жена“.
Таа носеше едноделен розов костим за капење кој ја следеше линијата на телото и ги истакна заносните облини на познатата актерка која изгледа неверојатно.
Иако Џулија е во шестата деценија од животот, таа може да се пофали со совршен изглед, но и да ја оправда титулата на една од најпосакуваните жени по која лудуваат мажите ширум светот.
„Убава Џулија“, „Жената изгледа совршено, кој би рекол дека има над 40 години“, „Неверојатна убавина“, „Се чини дека времето застанало за неа“, „Изгледа подобро од многу помлади жени“, Убава без шминка и згодна, таа треба да биде пример за жените“, „Таа е вистинска „Убава жена“, се дел од коментарите.