Биографијата на славниот Елтон Џон (72) привлече големо внимание од јавноста. Освен што раскажува за своето бурно минато, тој открива и некои детали од животот на познатите. Тој откри дека Џорџ Мајкл кој почина од срцев удар во 2016 година, повеќе пати го убедувал да престане со дрогите, но него воопшто не му се живеело.
-Јас имав две можности, или да умрам или да живеам, и сакав да живеам. Но, на кутриот Џорџ не му се живееше и затоа умре- напиша Елтон.
Тој се осврна и на Мадона кој ја навреди. Имено, пред седум години, за време на спорното интервју, Џон ја нарекол Мадона „ноќна мора и евтина стриптизета“.
-Бев вознемирен и изговорив прилично ужасни работи за неа на австралиската телевизија. Можете да заклучите од снимките дека тоа не беше дел од интервјуто, туку дека измеѓу снимањето зборував за стар пријател, Мадона ја познавам буквално од тинејџерските години. И покрај тоа, моите зборови завршија на телевизија. Сепак не смеев да го кажам тоа. Се извинив!-објасни Џон.