Американската актерка Кели Престон важела за една од најубавите во Холивуд, а нејзината прерана смрт го завила во црно нејзиното семејство.
Таа била една од најпосакуваните жени, а во тоа време нејзиното срце го освоил Џорџ Клуни.
Доцните 80-ти биле прилично турбулентни за љубовниот живот на Кели. Таа тогаш се венчала за Кевин Гејџ, но како што изјавила сама тоа веројатно не бил среќен брак.
Всушност, разводот следел во 1987 година, после две години брачен живот. И, додека Кели ги полнела страниците во весниците прво со улогите во своите филмови, а потоа и со љубовниот живот, таа го сретнала Џорџ Клуни.
Како што навел „Mirror“, Џорџ и Кели се сретнале кога веќе настапил крахот на бракот меѓу Кели и Гејџ, а тоа се случило откако нивниот агент ги повикал на забава.
Џорџ ја поканил Кели да ја повози со неговиот мотоцикл, а актерката признала дека била маѓепсана од неговото возење.
За кратко време овој славен пар одлучил да живее заедно. Сепак, колку и да се сакале нивната љубовна приказна не траела предолго.
По раскинувањето, Кели се забавувала со Чарли Шин со којшто кратко била и верена. Подоцна се венчала за Џон Траволта, а нивната приказна долга неколку децении особено е фасцинантна.
На Кели подоцна ѝ бил дијагностициран канцер на дојка од што починала. Траволта низ солзи тогаш објавил дека актерката за жал ја изгубила двегодишната борба со канцерот на дојка.