Познатата адвокатка за човекови права и сопруга на омилениот холивудски актер Џорџ Клуни, Амал уште еднаш поврди дека е кралица на стилот. За вечера во еден познат њујоршки ресторан каде се сретнаа со своите пријатели, бизнисменот Ранди Гербер и супермоделот Синди Крафорд, Амал била облечена во “кул“ комбинација во која било невозможно да не се примети.
Таа носела бел корсет со чипка, панталони со висок струк од вештачка кожа, што била фантастичен избор на 41-годишната модна икона. Амал стајлингот го надополнила со високи потпетици, а косата ја стилизирала со благи локни.
Џорџ Клуни бил во “кежуал“ варијанта: кошула, фармерки и спортски кожни чевли.
Инаку, популарниот пар пред неколку дена ја прославија четвртата годишнина од бракот.