Џорџ Клуни долго ја носеше титулата „вечен ерген“, иако тоа не било вистина. Имено, пред убавата Амал да го изговори судбоносното „да“ пред актерот, холивудскиот срцекршач зад себе имал брак со две години постарата Талија Балсам. Таа исто така е успешна актерка со богата работна биографија и веројатно веќе сте ја запознале преку многу серии и филмови.
Како што Џорџ своевремено изјавил, тогаш бил прилично млад, имал само 28 години, а и венчавката била одржана на место кое не било претерано сериозно – во Лас Вегас каде сведок веројатно им бил некој Елвис.
Но, нивниот брак траел речиси четири години
„Требаше да работиме на бракот, но јас некако не сакав да го правам тоа. Можеби бев преплашен, а можеби не бев подготвен за таков чекор. За сè јас бев виновен“, признал Клуни во некое интервју.
По разводот често истакнувал дека повеќе нема да се венча затоа што бракот очигледно не е за него.
Меѓутоа, потоа во неговиот живот влегла убавата правничка од Лондон и целосно го преобразила. Тие се венчале во 2014 година во романтичната Венеција.
Првата сопруга на Џорџ Клуни ужива во љубовта со познатиот актер
Талија подоцна се венчала со познатиот актер Џон Слетери и со него има и син.
Џорџ и Амал имаат четиригодишни близначки Ела и Александра.