Иако се шпекулираше за новороденче во семејството Клуни, Амал и Џорџ не го очекуваат своето трето дете, потврди нивниот претставник за медиуми.
Актерот и адвокатката за човекови права ги доби близнаците Ела и Александар пред четири години по нивната венчавка за време на раскошната церемонија во Венеција во 2014 година.
Упатените претходно тврдеа дека среќниот пар веќе им рекол на своите блиски пријатели дека ќе го прошират семејството кога организирале мала забава во близина на нивната вила во Италија на 4 јули.
Изворот на овие шпекулации биле папарацо фотографии на кои се гледа како фустанот на убавата адвокатка стратешки го покри делот околу стомакот, така што, дури и да била бремена, ништо да не се види.
Сепак, во петокот, нивната претставничка ги негираше сите шпекулации и рече:
„Приказните што велат дека Амал Клуни е бремена не се вистинити“, рече таа.
Comments are closed.