Џорџ и Амал Клуни уживаа во прошетка низ улиците на шармантното село Котинјак во Франција.
62-годишниот актер и 46-годишната адвокатка со себе го носеа новото кученце, кое холивудскиот заводник ѝ го подари за роденденот.
Познатата правичка и активистка изгледаше шик во модна комбинација со кратко фустанче.
За време на прошетката, кученцето Нелсон застана и не сакаше да продолжи понатаму, па Амал мораше да го носи во рацете.