Нутриционистот Џорџ Хамлин Вилијамс неколку години ги проучувал прехранбените навики на повеќе народи низ светот, во обид да извлече генерален заклучок која исхрана е најдобра. Во текот на истражувањето, тој дошол до заклучок дека во Кина и Јапонија имаат генерално најздраво мени, бидејќи во нивната исхрана имаат многу овошје и зеленчук.
Недостаток на кинеската кујна, според Вилијамс, е количината на сол што се содржи во соја-сосот, па затоа е поголем поддржувач на јапонската, која изобилува со морска храна и свежи зеленчуци. Утврдил и дека трендот на исхрана на Јапонците се проширил и во Кенија и Малезија.
Што се однесува долошите навики, ја истакнал Италија. Нивната исхрана изобилува со јаглени хидрати, а просечниот Италијанец јаде 2-3 порции леб дневно.
„Тоа е премногу, бидејќи често станува збор за бел леб. Добра замена е интегралното брашно. Освен тоа, Италијаните тврдат дека е здраво да се изеде еден кекс дневно. Се обидуваат да ја ограничат консумацијата на слатки десерти, но нивните насоки се нејасни бидејќи некои од кексите се прекриени со дополнителен шеќер и со чоколадо.
Во врска со грчката исхрана, Вилијамс смета дека тие претеруваат со маслото.