Виолинистот Зоран Џорлев најави ново цеде со 15 македонски поп-евергрини. На својот Фејсбук профил, Џорлев иронично им се „заблагодари“ на спонзорите кои го не го поддражале.
„Се преслушува новиот материјал за новото ЦД. Благодарам на сите аранжери кои ни оставија прекрасни композиции. Браво за маестро Дамир Имери за програмирањето на оригиналните аранжмани и на Валентино Скендеровски за продукцијата во неговото студио. Иако ме зезнаа еден куп спонзори, „поддржувачи на македонската музика, сепак не се откажувам во име на популаризација на македонската музика. Останете ми живи и здрави“, напиша Џорлев.
Лани, тој одржа славенички концерт во Македонската опера и балет на кој настапија членови од неговото музичко семејство.