Во театарот Долби во Лос Анџелес се одржа церемонијата на доделување на Оскарите, која беше исполнета со интересни ситуации, водителски шеги и други настани за кои се зборува на социјалните мрежи.
Џон Траволта беше емотивен за време на настапот „In memoriam“. Тој ѝ оддаде почит на неговата колешка од „Grease“ Оливија Њутн-Џон.
Траволта ги замоли публиката и гледачите да се сетат на неговите врсници од забавната индустрија кои повеќе не се меѓу нас.
„Тие ни ги допреа срцата, нè насмеаја и станаа драги пријатели на кои секогаш ќе им останеме безнадежно посветени“, рече глумецот, цитирајќи го насловот на една од најпопуларните песни што Оливија ги пееше во нивниот заеднички филм од 1978 година, Greasе“.
Лени Кравиц свиреше на клавир додека на големото платно се појавија фотографии од неодамна починатите познати личности, вклучувајќи ги Реј Лиота, Кирсти Ели, Ајрин Кара, Мери Алис, Ракел Велч и многу други.