Деталите од тужбата која холивудскиот актер Џони Деп ја покрена против неговата поранешна сопруга, Амбер Херд, конечно се познати. Тој ја обвини Херд ја за клевета и семејно насилство.
Актерот тврди дека Амбер го нападнала повеќе пати. Таа еднаш на него фрлила шише со вотка кое се искршило и му го исекло средниот прст, па морал да оди на операција. Исто така го тепала и додека спиел и исценирала напад над неа дерејќи се “ Престани да ме тепаш, Џони“. Холивудскиот актер открива дека актерката намерно извршила голема нужда во брачниот кревет, бидејќи тој закаснил два часа на нејзиниот роденден.
Инаку, прво Амбер Херд го обвини за злоставување, а сега Деп од неа бара дури 50 милиони долари оштете поради клевета и семејно насилство.