Поради обвинувањата од неговата поранешна сопруга актерката Амбер Херд (33) кои се под будно око на јавноста Џони Деп е повторно сам. Имено, сето тоа експонирање и здосадила на неговата досегашна девојка, го-го танчерката Полина Глен (24) па таа си ги спакувала своите работи и се отселила од нивниот заеднички дом во Лос Анџелес, пишува Daily Mail. Глен го оставила Деп и побегнала во родниот Санкт Петербург, бидејќи целото медиумско внимание на Деп и сметало и сакала да се отргне од сето тоа.
Деп и Глен прв пат биле поврзувани заедно во 2017 година, истата година кога Деп го финализираше разводот од Амбер, но неговата правна битка со поранешната сопруга допрва почнуваше, па Деп се опоравуваше во друштво на танчерката.
Инаку, Херд се разведе од Деп по една година брак и пет години врска. По поднесувањето на барање за развод, таа доби и привремена судска заштита од него. Како причина за разводот било наведено „ненадминливи разлики“, а според нејзините зборови, насилството кулминирало кога Деп и го фрлил телефонот во нејзиното лице и искршил неколку работи во нејзиниот стан.
https://www.instagram.com/p/B1awGt_JIm1/?utm_source=ig_web_button_share_sheet