Џиџи Хадид е едно од најбараните лица во светот на манекенството.
Во новото интервју за Sunday Times, манекенката признала дека на почетокот на нејзината кариера чувствувала дека нејзиното тело не ги исполнува строгите стандарди на модната индустрија и дека поради тоа држела диета.
“Кога почнав да се занимавам со манекенство, бев одбојкарка и имав одредена форма на телото поради тренинзите. Веројатно бев потешка со себе отколку што требаше. Порано се изгладнував, но не би се откажала од диетата. Сега го сакам своето тело и не сум повеќе опседната“, рече таа.
Хадид се осврна и на нејзиниот сегашен изглед и изјави што мисли за себе.
“Мислам дека не сум најубавата личност на светот. Малку ботокс веројатно би помогнал, но јас веќе не се грижам за мојот изглед доволно за да правам нешто околу тоа”, опишала Џиџи.
Потсетуваме, сестрите Џиџи и Бела Хадид, најуспешното манекенско дуо на денешницата, пред да се прослават на модните писти, се појавија со нивната мајка Јоланда Фостер во шоуто The Real Housewives of Beverly Hills.
Многу луѓе заборавија на тоа, додека на интернет повторно не се појавија клипови од девојките кои разговараат со нивната мајка, а гледачите беа згрозени од начинот на кој Јоланда разговара со своите ќерки, особено со Џиџи.
„Мајка ми беше многу внимателна што и колку јаде Џиџи. Еден од побизарните разговори е за роденденот на Џиџи. „Возбудена сум поради храната, сè што ќе јадеме всушност ќе ти предизвика срцев удар, но ќе биде толку добро“, рече Џиџи, а мајка ѝ забележа: „И тогаш треба да си одиш. Да се вратите на вашата диета. Во Париз и Милано сакаат послаби девојки.“