Џиџи Хадид ја потврди својата романса со актерот Бредли Купер преку емотивна фотографија, објавена на нејзиниот „Инстаграм“ профил, по една година дискретно криење од јавноста. Супермоделот, која на 3 мај го прослави својот 30-ти роденден, сподели страсен бакнеж со Купер, кој е 20 години постар од неа, на славеничката забава. Фотографијата на која Џиџи е облечена во бел корсет и со косата собрана во пунџа, го бакнува Купер пред луксузната чоколадна торта, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. Нежно држејќи го лицето на Купер, Хадид ја изрази својата среќа и благодарност за сите искуства кои ѝ ги донеле последните години.
– Многу сум среќна што наполнив 30 години! Се чувствувам среќна поради успесите, но и падовите, за сите лекции и подароци! Многу сум среќна што сум мајка, пријателка, партнерка, сестра, ќерка, колешка на некои од најневеројатните луѓе – започна таа.
Таа изјавила и дека е среќна бидејќи секојдневно ја поддржуваат многу фанови од целиот свет.

– Имав прекрасна прослава. Благослов е да се чувствуваш толку сакано! Благодарна сум и почестена што чекорам во нова деценија“, напиша таа.

Парот за прв пат беше виден како вечераат заедно во октомври 2023 година, а од тогаш нивната врска беше предмет на шпекулации. Во март 2024 година, Џиџи за прв пат зборуваше за својата романса со Бредли Купер во интервју за „Вог“, изразувајќи благодарност за неговата поддршка и охрабрување. „Бредли ме охрабри да се вратам во театарот, што е нешто што ми го врати животот“, изјави Хадид, додавајќи дека се чувствува среќно и исполнето во нивната врска.
