Заедничкиот концерт на Влатко Стефановски и на Џибони сношти во Скопје ќе се памети по многу нешта. Иако Џибони почна да пее дури во 23 часот, се исплатеше чекањето.
Џибони ги испеа своите најголеми хитови со многу емоции, а публиката збесна по него.
„Оваа сцена овде, се ме потсетува на Оливер Драгојевиќ. Пред две ипол години последен пат пеев со него овде“, се присети Џибони
. „Ви благодарам Скопје, што имате отворено срце“, додаде музичарот.
Џибони својот настап го почна во недела а го заврши во понеделник. Ова беше настан кој долго ќе се памети.
“ Ајде одете си, ќе ве испратам со музика. Возете полека на кај дома“ рече Џибона на крајот на концертот кога публиката го врати на бис.
Влатко Стефановски пред него одржа фантастичен концерт на кој на сцената му се придружи и неговиот син, Јан. „Ова е мојот син, ова е Јан. Тој е млад музичар и вечерва ќе свири тапани“, гордо рече Влатко.
Интересна изјава, музичарот имаше и пред да го отсвири големиот хит на “Леб и сол“, Скопје
. „Каков-таков, овој град се вика Скопје“.