Познатиот британски готвач Џејми Оливер по втор пат ги обнови брачните завети со сопругата Џулс со која веќе има пет деца.
Телевизискиот готвач кој стекна светска популарност сподели приватни фотографии од плажата, каде што се одржа свадбената церемонија, а младенците можат да се видат како танцуваат покрај брегот на морето на Малдивите, пренесе „Мирор“.
Осумчленото семејство изгледаше посреќно од кога било додека го прославуваше обновувањето на брако
„Добро утро на сите, Џулс и јас повторно се венчавме! Да, по 23 години заедно, мислевме дека е подобро да го обновиме бракот пред децата да почнат да го напуштаат семејното гнездо“, рекол Џејми на Инстаграм, со објавувањето на фотографиите.