Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез организираа спектакуларна забава со пена во близина на островот Црес, на луксузната јахта Кору.
Гламурозната прослава беше претходница на нивната претстојна свадба, која ќе се одржи во Венеција.
Двојката ги помина последните неколку дена релаксирајќи се на Јадранското Море, каде што уживаа во радостите на летото со своето друштво.


Беше прославен и роденден
Вчера на јахтата беше истакнат знакот „Среќен роденден“, бидејќи беше прославен и посебен настан – 19-тиот роденден на синот на Санчез, Еван. Прославата вклучуваше весела атмосфера со пена, скокање од јахтата во море, веслање и одмарање на лежалки на сончевата горна палуба.



Следува свадбата
По одморот на Јадранското Море, следува свадбата. Безос и Лорен Санчез конечно ќе го кажат судбоносното „да“ оваа недела, на раскошна церемонија во Венеција. Двојката се сврши во мај 2023 година, а свадбата е закажана за петок, 27 јуни.
Според странските медиуми, прославата ќе биде навистина спектакуларна. Меѓу гостите се очекуваат некои од најголемите светски имиња – од Кети Пери и Опра Винфри до Мик Џегер и Иванка Трамп.
Дојдоа кон крајот на мај
Ве потсетуваме дека Безос и неговата свршеница дојдоа во Хрватска кон крајот на мај. Тие го посетија и ресторанот Код барба Луке, кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар, објави Индекс.
На нивната јахта Кора можат да се сместат до 18 гости, додека за екипажот се обезбедени дури 40 места. Кору е на 32-то место на листата на најголеми јахти во светот. Безос годишно издвојува околу 25 милиони долари за одржување.