Џесика Алба (44) привлече внимание овој викенд додека уживаше на сончева дестинација, позирајќи во бикини покрај базенот.
Таа го комбинираше бикинито со шапка и очила за сонце, а фотографиите ги сподели на својот Инстаграм профил, каде што собра над 100.000 лајкови за помалку од десет часа.
Џесика Алба сподели и фотографија во леопардски костим за капење во луксузен спа-центар. Во описот на објавата напиша: „Фокусирана на мир – дишење – пријателство и грижа за себе“.

Неодамна се разведе
Инаку, Алба го потврди разводот од Кеш Ворен на 16 јануари на социјалните мрежи. Гласините за нивната разделба се појавија една недела претходно, а актерката во објава на својот Инстаграм профил изјави дека „со години е на пат на самооткривање – и како индивидуа и со Кеш“.
Се вели дека Џесика планира да се откаже од презимето Ворен и да се врати на своето моминско презиме. За време на судскиот спор ќе се утврди што точно ќе се случи со нивниот заеднички имот. И двајцата бараат заедничко старателство над трите деца, ќерките Онор Мари (16) и Хејвен Гарнер (13) и синот Хејс (7).
